Пожарникарите во Шпанија се борат со над 130 шумски пожари

Од:

Пожарникарите во Шпанија се борат со повеќе од 130 шумски пожари за кои властите се сомневаат дека се подметнати, а нетипично високите температури за овој период од годината и силниот ветар дополнително ја влошуваат ситуацијата.

– Речиси 400 пожарникари се обидуваат да изгаснат 82 шумски пожари во ретко населената Кантабрија, соопштија регионалните власти.

Во тоа подрачје во текот на изминатата недела изгореле најмалку 2.000 хектари со „исклучителна еколошка вредност“, воглавно во два природни паркови.

– Ова го загрозува сегашниот и идниот пејзаж на Кантабрија, изјави претседателот на регионалната влада Мигуел Анхел Ревиља откако посети едно од опожарените места.

Ревиља истакна дека 99 отсто од пожарите се намерно предизвикани.

– Има пиромани, луѓе со лоши намери кои ги користат временските услови какви до сега не се видени во Кантабрија, да подметнат пожари. Кантабрија од септември имаше малку дожд, а температурата во просек беше 23 степени Целзиусови. Силен ветер со јачина и до 110 километри на час додатно го засилува оганот и оневозможува употреба на авиони за гасење на пожарот, нагласи Ревиља.

Националната метеролошка станица предвидува дека ветерот ќе остане силен, а температурата над просекот и во наредните денови.

Шпанската армија испрати 287 војници и 28 танкери со вода во најтешко погодените подрачја во близина на планинското село Барсена Мајор, соопшти Министерството за одбрана со објава на Твитер.

Во шпанската покраина Астурија во моментот горат 38 пожари, од кои 31 се ставени под контрола. Во шумските пожари во Астурија минатата недела загина едно лице откако се урна хеликоптер за гаснење на огнот.

Во Навара на границата со Франција избија два пожари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски