Пожарите и смогот во Индонезија предизвикаа смрт на 19 луѓе

Од:

Големиот број пожари на индонезиските острови Суматра и Калимантан и облаците смог што со недели ги покриваат источниот дел на Индонезија и околните држави, до денеска предизвикаа смрт на 19 лица. Сите починале од последици на дишење на многу загаден воздух, потврди денеска министерот за социјални работи на Индонезија Кофитах Индар Параванса.

Министерот Кофитах потврди дека во пет провинции на истокот на Индонезија, каде што има над 36 милиони жители, е прогласена вонредна состојба. На цивилните болници од тоа подрачје им помагаат и лекари од другите краишта на државата. Од вчера, со воени бродови од загрозените подрачја се евакуираат бебиња и мали деца.

Се врши и масовна евакуација на постарите лица, а во загрозените области и соседните подрачја концентрацијата на опасни материи во воздухот ќе се мери и соопштува на секој половина час, така што во случај на опасност ќе се организира евакуација на сето цивилно население.

Пожарникарите, помогнати од педесетина илјади припадници на армијата, 26 авиони и голем број хеликоптери специјализирани за гаснење пожари, не успеваат да се справат со стихијата. Поради големата суша и подложноста на тамошниот растителен свет лесно да се запали, од јули наваму во Индонезија се регистрираат најмалку 700 пожари дневно. Метеоролозите најавуваат дека дождови, што е најефикасниот метод за гасење на пожарите, во Индонезија наместо во почетокот на октомври, ќе паднат дури на почетокот на идната година.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници