Пожари во Шпанија

Од:

Во планинските реони во северна и централна Шпанија беснеат десетици пожари, во чие гаснење од денеска е вклучен и авион „Канадер“.

Шпанското Министерство за земјоделство, храна и животна средина соопшти дека донело одлука да испрати специјализиран противпожарен авион во реоните на Астурија и Авиља каде беснает пожарите, кои се појавија во услови на невообичаено топлото време за овој период од годината.  

Регионалната влада на Кантабрија соопшти дека во овој шпански регион беснеат 25 пожари, додека властите во Астурија информираа дека противпожарните служби до денеска успеале да изгаснат половина од 16-те пожари што гореа во оваа покраина.
Експертите проценуваат дека покрај невообичаено високите температури, причини за пожарите е и изминатата топла есен во која имаше малку врнежи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски