Пожари во Португалија: Се урна канадер, загина пилотот

Од:

Канадер кој гаснеше шумски пожар во Португалија се урна синоќа во близина на Вила Нова де Фоз Кое, во северниот кварт Гарди, при што загина пилотот на авионот, во кој немаше други лица, соопшти цивилната заштита.

„Засега немаме детали за тоа што се случило“, изјави командантот на националната цивилна заштита Андре Фернандес.

Авионот бил од типот FireBoss со средна големина.

„Со неверување ја примив веста за смртта на пилотот на авионот кој се урна при гаснење на пожарот“, објави португалскиот премиер Антонио Коста на Твитер.

Серија пожари избувнаа во Португалија, каде цела недела има високи температури, а спасувачката служба во петокот вечерта извести дека десетина активни пожари биле изгаснати од повеќе од 900 пожарникари.

Нешто повеќе од 30.000 хектари изгореа во Португалија од почетокот на 2022 година, што е најмногу од 2017 година, обележана со смртоносни пожари во кои загинаа стотици луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски