Пожари во Индонезија: 19 жртви, два милиони хектари изгорена шума и над 47милијарди долари штета

Од:

Националната агенција за борба со кризите на Индонезија денеска соопшти дека во над 16.000 пожари, што ја зафатија Индонезија од јули наваму се уништени над 2 милиони хектари шума.

Во пожарите, најчести на островите Суматра и Калимантан, живот загубиле 19 лица. Повеќе од 110.000 жители на Суматра, а над половина милион во цела Индонезија, побарале лекарска помош. Регистрирана е и голема штета од над 47 милијарди долари, најмногу поради горењето на сировините за палмино масло и целулозна пулпа за производство на хартија. Посебно ќе се пресметува штетата поради откажувањето на туристички аранжмани во Индонезија, Сингапур и Малезија, со недели покриени од облаци со чад.

Од пожарите, кои најмногу избувнуваа поради неконтролирано палење на шумите, а тешко се гаснеа поради долготрајната суша, од ова подрачје биле создадени над 1,35 гигатони јаглероден диоксид, што е количество два пати поголемо од вкупната емисија на штетни гасови создадени годишно во Јапонија. Индонезија е на петто место на светската листа на големи загадувачи на атмосферата, а годинешните емисии на јаглеродендиоксид ќе ја помрднат погоре на оваа неславна листа.

Во јавноста во Индонезија со сумирањето на последиците од пожарите, расте и бранот на критики на сметка на власта. Слично како и официјалните политики на соседните држави кои го осудија индонежанскиот пат за менаџирање на гаснењето на пожарите, сега и домашната јавност поставува прашање – зошто биле одбиени понудите за помош во гаснењето од страна на дуги држави, најмногу од Сингапур.

Кога ќе се соберат сите податоци, кабинетот на претседателот Видодо ќе оддржи посебна седница посветена на годинешнава катастрофа. Се очекува, покрај другото, да се донесат строги закони и високи казни за лицата поради чија небрежност избувнуваат пожари.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници