Пожар во нуклеарна централа во Белгија

Од:

Поради пожар кој изби вчера, е затворен еден нуклеарен реактор во белгиската нуклеарна централа „Тиханге“, пренесе „Белга“. Централата која се наоѓа на околу 70 километри југозападно од германскиот град Ахен, поради пожарот автоматски се исклучила околу 10 часот по локално време, пренесуваат агенциите.

Како што наведе „Белга“ повикувајќи се на изјави на надлежните од енергетската компанија „Електракабел“, преземемни се сите неопходни мерки за безбедност.

Инаку „Тиханге 3“ е четврти белгиски нуклеарен реактор, кој е надвор во употреба, пренесе „Судпресе“, додавајќи дека реакторот „Тиханге 1“ непречено работи.

Белгијците усвоија програм за нуклеарна енергија, чија крајна цел е до 2025 година во потполност да престане да се користи нуклеарната енергија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски