Повторно пожари на југот на Италија, луѓето од плажата бегаа од огнот

Од:

Италијанската провинција Апулија на Јадранското Море повторно е загрозена од пожарите кои и денеска горат на југот на Италија, а пожарникарите се уште ги гаснат на северот на Сицилија, пишува германската агенција ДПА.

Вчера пожарот во провинцијата Лече на полуостровот Саленто стигна до некои куќи и се приближи до брегот. Во меѓувреме се евакуирани викендичките. Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат луѓе на плажа како бегаат од пламените јазици во градот Уџент.

Пожарникарите ги ставија под контрола критичните пожари во Угент во текот на ноќта, изјави нивниот портпарол на италијанската телевизија, додавајќи дека ситуацијата е олеснета.

Во пожари беше зафатена и една фарма во Пуља и беа уништени многу маслинови дрвја. Пожарникарите на југот на Италија, меѓу Сицилија, Сардинија, Апулија и Калабрија, учествувале во повеќе од 3.200 интервенции од минатата недела, додаде противпожарната станица.

Во меѓувреме, противпожарните бригади продолжуваат да го гаснат пожарот на северот на Сицилија околу градот Палермо. Но, ситуацијата повеќе не е критична како изминатите денови, велат тие. Најмалку три лица загинаа во пожарите кои горат од крајот на минатата недела.

Италијанската цивилна заштита претпоставува дека голем дел од пожарот е предизвикан од невнимание или намерно однесување, односно подметнување пожар. Земјоделското здружение Coldiretti проценува дека шест од 10 пожари се предизвикани од подметнување пожар. Сепак, сувоста по топлотниот бран го фаворизираше брзото ширење на огнот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ

Сопругот на италијанската европратеничка е пронајден мртов во автомобилот

Предраг Петровиќ

Драма во Палермо: Tатко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани