Повторно отворени училиштата во Англија

Од:

Учениците денеска се вратија во училишните клупи во Англија првпат од јануари. Повеќето ученици од почетокот на оваа година ја следат наставата од дома, што предизвика загриженост кај родителите поради ефикасноста на таквото учење од далечина.

Децата од пет до 11 години се вратија денеска на училиште, а од следната недела ќе се вратат и учениците од 11 до 18 години.

Од учениците во средните училишта е побарано првите две недели да направат три доброволни тестови – во училиштето и дома, а потоа ќе добијат тестови за да можат дома да ја проверуваат својата здравствена состојба на секои две недели.

Министерството за здравство ги советува учениците да носат заштитни маски на места каде што не може да се одржи физичка дистанца, вклучувајќи ги и училниците.

Учениците во основните училишта немаат обврска да носат маски, ниту да вршат тестирања.

Би можело да ве интересира

Два милиона Британци страдаат од долгорочен Ковид

Објавен извештајот за „партигејт“

Британија подготвува есенска кампања за зајакнување на имунитетот против Ковид-19

Борис Џонсон меѓу казнетите за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Џонсон ќе одговара на полициски прашања за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Катерина Ѓуровски

Две третини од заразените со омикрон во Британија веќе прележале коронавирус

Катерина Ѓуровски