Со започнувањето на сушната сезона во Индонезија, особено на островот Суматра, почна да се повторува минатогодишната слика кога во оваа островска држава имаше над 5,000 големи пожари во кои беа уништени над 100 илјади хектари прашуми.
Метеоролошко-климатските институти од Индонезија и Малезија соопштија дека сателитите денеска регистрирале 67 поголеми пожари, од кои 36 во провинцијата Риау. Оваа област се наоѓа блиску до Сингапур и Малезија. чии граѓани лани поради облаци чад што доаѓаа од Индонезија со денови носе маски кога излегуваа на улица.
Индонезија минатата година го потпиша протоколот за заедничка борба против пожарите со Сингапур и Малезија, но за сега не побара помош од соседите. Според протоколот, без погранични формалности, екипи за гасење пожари можат непречено да учествуваат во гаснење на пожарите.
Во гаснењето на пожарите сега учествуваат пожарникари и припадници на индонезиската армија.