Повредени 70 мигранти при обид да влезат во Шпанија

Од:

Околу 70 мигранти од субсахарска Африка се повредени при обид да поминат преку жичана ограда која ги раздвојува северниот дел на Мароко и шпанската енклава Сеута, соопшти Црвениот крст.

Локалната полиција соопшти дека 200 луѓе тргнале кон границата обидувајќи се да влезат во Европа, а притоа околу 60 од нив не успеале во тоа.

Според шпанското Министерство за внатрешни работи, во првите шест месеци од оваа година бројот на мигрантите кои пристигнуваат во таа земја преку енклавите Сеута и Мелиља, во однос на истиот период од минатата година, двојно се зголеми на 3.200 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски