Повик за „дневни хуманитарни паузи“ во судирот во Газа

Од:

Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Валери Амос повика денеска на т.н. секојдневни „хуманитарни паузи“ во Појасот Газа до воспоставување долготраен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас за да се достави помош за стотици илјади луѓе и да се спасат ранети.

Амос рече во СБ на ОН дека светот „со ужас ги гледал децата и цивилите кои се нашле на удар на напади во Газа“. Таа предупреди дека повече од 80 отсто од 1.300 убиени Палестинци во Појасот Газа се цивили меѓу кои и 251 дете.

Пјер Крахенбул кој ја води Агенцијата на ОН за палестинските бегалци, му се обрати на СБ на ОН преку телефон од Газа дека условите се страшни и дека таа Агенција тешко успева да обезбеди помош за 220.000 луѓе кои се засолнети од судирите во простории на ОН.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа