Повеќе од 90 емигранти загинаа на пат кон Шпанија

Од:

Повеќе од 90 илегални емигранти од долна Сахара загинаа во текот на последните две недели, во обид од Мароко да стасаат до Шпанија, соопштија денеска извори од безбедносни служби на Марокои емигрантската заедница.

“Судејќи по сведоштвата на шестемина преживеани кои успеале да стигнат до Шпанија, 54 патници од нивниот брод се удавиле минатата недела”, рече Пјер Диладран, претседател на Подсахарската емигрантска служба во Мароко.

Како што соопшти агенцијата АФП, Диладран додал дека пред неколку дена 19 емигранти од долна Сахара се удавија во близина на брегот на Тангер, Марокански град кој е одалечен од Шпанија само 14 километри.

Меѓу загинатите имало и жени и деца, а уште двајца се водат за исчезнати. Бројот на жртвите на илегални емигранти, потсетува АФП, се искачи на 92 во изминатите две недели.

Марокански државната новинска агенција МАП објави дека мароканските власти во изминативе пет години успеале да спасат околу 6.500 иелегални емигранти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски