Повеќе од 800 милиони Европјани го одбележуваат Европскиот ден на јазиците

Од:

Повеќе од 800 милиони Европјани во 47 држави денеска го одбележуваат Европскиот ден на јазиците, меѓу кои и македонскиот јазик.

Датумот 26 септември е одреден во чест на 225 автохтони јазици од подрачјето на Европа и постоењето на овој „празник“ е значајно бидејќи придонесува за промоција на сопствената култура и запознавање други.

Европскиот ден на јазиците се одбележува од 2001 година.

Денот го одбележуваат сите држави членки на Советот на Европа со цел да ги охрабрат Европјаните да учат јазици во која било стросна возраст, да се поттикне интеркултурната размена и да се сочува јазичкото наследство на континентот.

Детални информации за одбележувањето на Европскиот ден на јазиците и активностите за сите заинтересирани за учење јазици се достапни на веб страницата www.coe.int/edl,  на 39 јазици.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски