Повеќе од 700 градоначалници на Каталонија излегоа на протест во Барселона

Од:

Повеќе од 700 каталонски градоначалници денеска протестираа во Барселони во знак на поддршка на референдумот за независност на оваа провинција, што официјален Мадрид го забрани.

Каталонските градоначалници, на кои им се заканува апсење заради поддршката која му ја даваат на референдумот, се собраа на протест извикувајќи „Ќе гласаме“ и пеејќи ја „Елс Сегадорс“, химната на Каталонија, јавија француските медиуми.

Повеќе од две третини на каталонските градоначалнициа, од вкупно 948, се обврзаа дека на 1 октомври ќе ги отворат општинските простории за гласање на референдумот, по што шпанскиот јавен обвинител нареди кривична истрага и се закани со нивно апсење доколку не се придрдржуваат до прописите на официјален Мадрид.

Претходно беше јавено дека во текот на изминатите денови во повеќе штампарии и дневни весници беа изведени рации за барање гласачки ливчиња, а полицијата вчера во една од рациите во Каталонија запленила 100.000 изборни летоци, соопшти Министерството за внатрешни работи, на прецизирајќи каде рацијата била изведена. Врховниот суд на Каталонија соопшти дека во петокот издал предупредување за седум весници, меѓу кои многу имаат само онлајн изданија, да не ги објавуваат предизборните пораки.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски