Повеќе од 300.000 лица умреа од Ковид-19 во Бразил

Од:

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот Бразил регистрираше над 300.000 смртни случаи од Ковид-19, што земјата ја сместува веднаш зад САД, која има 545.000 смртни случаи во истиот период, соопшти вчера бразилското Министерство за здравство, пренесе ДПА.

Според Министерството досега во Брзаил умреле точно 300.685 лица, во кои се вклучени и над 2.000 смртни случаи од претходните 24 часа.

Претходниот ден Бразил за првпат забележа 3.000 смртни случаи во еден ден.

Во најголемата земја во Латинска Америка досега се регистрирани повеќе од 12,2 милиони случаи на инфекции со коронавирус, пренесе ДПА.

Во повеќе бразилски држави единиците за интензивна нега во болниците работат со максимален капацитет.

Популистичкиот десничарски претседател на земјата, Жаир Болсонаро, уште од самиот почеток ја намалуваше опасноста од коронавирусот, иако и самиот заболе, отфрлајќи го „локдаунот“ во целата земја од економски причини.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски