Повеќе од 200 убиени во судирите меѓу Ерменија и Азербејџан

Од:

Повеќе од 200 војници се убиени во граничните судири меѓу Ерменија и Азербејџан оваа недела, соопштија денеска двете земји.

Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за судирите околу спорниот регион Нагорно-Карабах, најсмртоносните по шестнеделната војна во 2020 година кога загинаа илјадници луѓе.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан пред Парламентот изјави дека загинале 135 ерменски војници. Претходно оваа седмица беше објавено дека загинале 105.

Азербејџан денеска објави за загинати 77 војници – 71 вчера.

Ерменија соопшти дека азербејџанските сили нападнале и зазеле населби на ерменска територија надвор од Нагорно Карабах, додека Азербејџан тврди дека одговара на „провокациите” од ерменска страна.

Прекинот на огнот издејствуван со посредство на Москва ги оконча борбите, но ситуацијата на границата останува напната, предупреди денеска Пашинјан.

Русија која е воен сојузник на Ерменија, но исто така сака да биде во пријателски односи со Азербејџан, соопшти дека ќе изврши притисок врз двете земји да ги повлечат своите сили на позициите што ги имаа пред да избие конфликтот оваа недела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: Путин се подготвува за војна на другиот крај од светот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

Неколку земји од ЕУ се подготвуваат за војна

(ВИДЕО) Алавитите масовно бегаат кон бреговите на Сирија, ги засолнуваат своите најблиски

Сирски: Ситуацијата е „тешка“ поради главната офанзива на Русија

Горан Наумовски