Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море

Од:

Секоја година 229.000 тони пластика стигнуваат до Средоземното море, што е еднакво на повеќе од 500 бродски контејнери секој ден, објавено е во најновата студија на шпанската Меѓународна унија за зачувување на природата (ИУЦН).

Се наведува дека ако нешто не се направи итно, до 2040 година, таа количина пластика ќе се зголеми двојно.

Студијата е направена со комбинирање податоци од различни истражувања и со употреба на методологија за отисоци од морски пластичен материјал, а утврдено е дека пластиката стигнува до Средоземното море од 33 земји.

Директорката на ИУЦН за морски и поларни програми, Мина Епс рече дека пластиката може да предизвика долгорочно оштетување на копнените и морските екосистеми и биодиверзитетот.

Според неа, морските животни можат да се заплеткаат или да голтаат пластичен отпад и на крајот да угинат од исцрпеност и глад.

Според извештајот, Египет (околу 74.000 тони годишно), Италија (34.000 тони) и Турција (24.000) испуштаат најмногу пластика во Средоземното море, главно поради големите количини на лошо управуван отпад и големото крајбрежно население.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

A1on

Холандски брод потона во Северното Море

А1он

Почина четиригодишно девојче, загубила свест при пад од чамец во Средоземното море

А1он

ВИДЕО: Потона јахта долга 40 метри во близина на Италија

А1он

Во ЕУ од денеска забранети пластични производи за една употреба

Трагично патување за дваесетина африкански мигранти, се удавија во Средоземното море