Почина четиригодишно девојче, загубила свест при пад од чамец во Средоземното море

Од:

Четиригодишно девојче почина, а 61 мигрант беше пренесен на грчкиот остров Крит, откако чамецот со кој се пренесувале во Средоземното море се соочил со проблеми и биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, но била побарана помош од Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Девојчето вчера, со хеликоптер на грчката воена морнарица било пренесено во болница на Крит, каде што била констатирана смртта.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, странските државјани, вкупно 63 лица биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, а капетанот преку координативниот центар за спасување на Малта побарал помош за две лица кои ја загубиле свеста.

Барањето било упатено и до грчките власти, по што веднаш бил испратен хеликоптер на воената морнарица и го пренел четиригодишното девојче во болницата на Крит, но лекарите само ја констатирале смртта.

Мајката на девојчето е згрижена во болницата, додека пак останатите мигранти (61 лице) денеска биле пренесени на Крит, откако претходно од капетанот на танкерот било побарано да го смени курсот и да се упати во морската област во одговорност на Грција, со оглед на тоа дека на некои од патниците им била потребна медицинска помош.

Рано утрово, мигрантите, 33 мажи, седум жени и 21 дете пристигнале на Крит, а две лица, еден маж и една жена биле пренесени во болница каде што се хоспитализирани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Едно лице повредено, наредена евакуација на четири населени места на Крит поради пожар

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Крит

Горан Наумовски

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан