Холандски брод потона во Северното Море

Од:

Холандски брод потона денеска во Северното Море во близина на Данска по судир со друг брод, соопшти данската морнарица, наведувајќи дека нема жртви.

Седум членови на екипажот на бродот „Хелге“ скокнале во морето и биле спасени со хеликоптер.
Не се познати деталите за судирот на бродот „Хелге“ долг 89 метри и поголемиот брод „Дивиот Космос“, кој плови под бахамското знаме.

Судирот бил на 37 километри од западниот брег на полуостровот Јитланд.
Нема извештаи за штета на поголемиот брод.

Данската морнарица испрати неколку бродови и два хеликоптера на местото на настанот. Спасените членови на екипажот на холандскиот брод се префрлени во болница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори товарен брод со 3.000 автомобили: Има мртви, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

10 мртви во пукањето во Младеновац – се стравува дека бројот ќе расте

А1он

Затвор за газдата и капетанот на „Атлантија“ на кој почина италијански турист, а две деца едвај се спасија

Повеќе луѓе се повредени откако голем брод се навали во пристаништето во Единбург

Грција испраќа брод со хуманитарна помош за Турција

Потона брод крај брегот на Јапонија