Потврдено протерувањето на косовската ромка Леонарда од Франција

Од:

Административниот апелациски  суд од Нанси ја потврди одлуката за протерувањето на семејството на Леонарда Дибрани, донесена од Суд од Безансон, јави дописникот на МИА од Париз.

Протерувањето на Леонарда и нејзиното семејство на Косово во октомври 2013 година, посебно нејзиното апсење кога таа беше на возраст од 15 години во ушилишниот автобус, предизвика повеќе протести на средношколците во Франција и полемика од која не беше пошетеден ни шефот на државата Франсоа Оланд.

Семејството Дибрани беа населени во Франција до 2009 со сите нивни шест деца во Понтарлие во департманот на Дуб во близината на границата со Швајцарија.

Административниот суд од Безансон, минатата година ја отфрли жалбата на семејството против протерувањето, со оцека дека оспоруваните мерки биле регуларни.

Судот во таа прилика исто така образложи дека „не постојат пречки за враќање на семејството во Косово“ и дека непостојат перспективи за економскo и социјалнo вклопување на таткото и мајката на Леонарда во француското општество.

Францускиот претседател и понуди само на Леонарда Дибрани да се врати во Франција за да го заврши школувањето, но таа го одби таквиот предлог.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски