Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Од:

Иако во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, тоа никој јавно нема да го каже, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Европската Унија и Американците се согласуваат со нас за ова“, изјави Вучиќ за бриселскиот портал Политико.

Во текстот се наведува дека Вучиќ неодамна повикал на повторно одржување избори во четири општини на северот на Косово со српско население и се додава дека и покрај отсуството на очигледен демократски мандат, премиерот Албин Курти ги „охрабрил“ албанските политичари да окупираат административни згради и простории и дека испратил членови на косовската полиција, што доведе до криза и „ги разбранува страстите на двете страни“.

На обвинувањата на премиерот Албин Курти, дека спроведува „неразумни и очајнички“ мерки, како и дека води „агресивна кампања“, претседателот Вучиќ одговори:

„Ако е неразумно и агресивно да се има демократски избори, тогаш е во ред, ви благодарам многу.“

Претседателот на Србија посочи дека нема никаков интерес да „го разгори огнот“.

„Не сакам да учествувам во кампања против Курти или ад хоминем против некого“, тврди Вучиќ.

Тој оцени дека се добива впечаток дека властите во Приштина се „опседнати“ со него.

„Ако читате што зборуваат секој ден, само гледате – Вучиќ, Вучиќ, Вучиќ“, изјавил претседателот на Србија и додал дека „воопшто нема врска“ со Курти.

Во текстот се наведува дека Србија го поддржува српското население во Косово пред се во областа на здравството и образованието. Се додава дека во текот на изминатиот месец властите во Приштина постојано испраќале членови на на косовската полиција да ги затвори и окупира просториите на српските институции во мнозинските српски населби, односно во северниот дел на Косовска Митровица, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Белград инсистира на тоа дека Приштина треба да ги почитува постоечките договори, вклучително и обврските од Бриселскиот договор, кои се однесуваат на формирањето на Заедницата на српските општини, пишува Политико.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Едно лице од Македонија загина во трагичниот настан во Нови Сад

Горан Наумовски

Вучиќ: Новиот американски претседател што поскоро да предложи план за прекин на огнот во Украина

Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу Унгарија, Србија, Македонија и Грција

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ откри: Се надевам дека ќе го отвориме кластерот 3 до крајот на годината

Горан Наумовски

Полскиот премиер се сретна со Вучиќ: Европската Унија не е целосна без Србија