Потврдено: Хамас уби млада Ирка на фестивалот

Од:

Млада жена со ирско-израелско потекло е потврдена мртва на музички фестивал нападнат од милитантите на Хамас во саботата, изјави денеска ирскиот премиер Лео Варадкар.

Ким Дамти исчезна откако последен пат беше видена на фестивалот Нова во близина на Реим, недалеку од границата меѓу Израел и Газа. „Како нација сме обединети во жалоста за Ким Дамти. Оваа млада девојка беше убиена во цутот, го имаше целиот живот пред себе“, рече Варадкар во објава на X, поранешен Твитер.

Во објава на Фејсбук, нејзината сестра Лаура рече: „Семејството го загуби нашиот ангел, нашиот цвет, убиена од крвавите терористи“.

Израелските спасувачи соопштија дека на местото на фестивалот биле пронајдени најмалку 260 тела. Некои од учесниците беа земени како заложници, што може да се види од видеата објавени на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски