Потврдена кандидатурата на Џулијан Смит за американска амбасадорка во НАТО

Од:

Американскиот Сенат синоќа ја потврди кандидатурата на Џулијан Смит за функцијата амбасадор на САД во НАТО, откако републиканскиот сенатор од Мисури, Џош Хоули, ја повлече блокадата за нејзино назначување.

Џулијан Смит на новата функција доаѓа од сенатскиот комитет за вооружување, а претходно работела во Пентагон, каде го предводела Одделот за европски и НАТО прашања, по што одреден период била и заменик советник за национална безбедност во времето кога Џо Бајден му беше потпретседател на Барак Обама.

Назначувањето на Смит, која беше претставена од сенаторката Џин Шахин, демократка од Мисисипи, беше поддржано без никакви забелешки.

Функцијата амбасадор во НАТО во САД се смета за важна појдовна позиција во областа на безбедноста, во услови на зголемени закани во Европа од страна на Русија и во односите меѓу САД и Европа.

Гласањето за утврдување на кандидатурата помина брзо, откако сенаторот Хоули ја повлече претходно ставената блокада на постапката. Причината зошто Хоули ја симна блокадата е, како што рече, бидејќи добил уверување дека Смит ќе бара од сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата