Потресен феномен во Газа: Родителите им ги пишуваат имињата на децата на телата

Од:

Болница во Газа забележала случаи на деца чии родители ги напишале нивните имиња на телаta, загрижени дека „би можело се да им се случи“ и дека никој нема да може да ги идентификува бидејќи конфликтот меѓу Израел и Хамас влегува во 17-ти ден.

Како што јави Си-Ен-Ен, во болничката мртовечница во Газа, имињата испишани со црно мастило на кожата биле забележани на телата на три деца.

– Имаме некои случаи во кои родителите ги напишале имињата на нивните деца на нозете и стомакот – изјави за Си-Ен-Ен д-р Абдула Раман ал-Масри, шеф на одделот за итни случаи во болницата Ал-Акса во Деир ал-Балах, Газа.

Тој рече дека родителите се плашат дека „би можело да им се случи се“ на децата и дека никој нема да може да ги идентификува.

– Тоа значи дека тие чувствуваат дека во секој момент се мета и дека можат да бидат повредени или убиени – изјави д-р Масри.

Според Си-Ен-Ен, црното мастило е мал знак на стравот и очајот што го чувствуваат родителите на густо населената енклава додека Израел продолжува со воздушните напади како одмазда за бруталниот напад на Хамас на 7 октомври. Надзорникот на собата во болницата Ал Акса каде што се мијат мртвите тела ја опиша неделата како „исклучителен ден“. Тој рече дека бројот на загинати во текот на ноќта меѓу сабота и недела надминал 200 и ја потврди изјавата на д-р Масри.

– Она што го забележавме е дека многу родители ги пишуваат имињата на своите деца на нозете за да можат да се препознаат доколку загинат по воздушните напади. Ова е нов феномен кој штотуку започна во Газа – изјави неименуваниот супервизор.

– Многу деца исчезнаа, многу доаѓаат овде со скршени черепи. Невозможно е да се идентификуваат, само ако се напишани нивните имиња тогаш може да се идентификуваат – рече тој.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски