Потпретседателот на Националното собрание поднесе оставка по обвинувањата за сексуален мобинг

Од:

Францускиот пратеник од редовите на еколозите, Дени Бопан, кој ја вршеше и високата функција на потпретседател на Француското национално собрание поднесе оставка, откако беа објавени обвинувања за сексуален мобинг од страна на негови поранешни сопартијки од редовите на Зелениет и еколозите, јави дописникот на МИА од Париз.

Според националниот јавен радио канал Франс интер и веб порталот Медијапар Бопан ја напуштил партијата на 18 април. Тие Бопан го опишуваат како „Доминик Строс Кан кај Зелените“.

Повеќе жени, вклучени во политиката  го прекинаа молкот и го обвинуваат за сексуални вознемирувања кои траат од 1998 година. Вкупно, осум случаи можат да подлежат под законот за сексуално вознемирување или за сексуална агресија, пишува Медијапар, но најголемиот број од нив се застарени предмети според законот.

– Ме притисна до ѕидот држејќи ме за градите и бараше да ме бакни. Јас го одбив насилно, изјави пратеничката Сандирн Русо за настан од 2011 година.

Другите зборуваат за СМС пораки, обиди за уцена, надреалистични сцени. Многу од овие случаи се постари од три години, но жените жртви одлучија да зборуваат откако пратеникот објави твит на својот профил, во кое го осудува насилството на кое се изложени жените.

Медијапар, појаснува дека Бопан одбива да даде интервју и им се заканил на двата медиуми дека ќе започне судска постапка против нив по објавувањето на нивната истрага.

Оставката на Бопануследи по медиумскиот протисок и по барањето на претседателот на Националното собрание Клод Бартолом да ја напушти високата функција.

Бопан се правда дека ја напушти оваа функција за да подобро ја подготви својата одбрана, додавајќи дека обвинувањата се неосновани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили