Потпретседателка на руска банка (28) е пронајдена мртва откако наводно паднала од 11 кат

Од:

Потпретседателка на руската банка Локо-Банка е пронајдена мртва откако наводно паднала од прозорецот на нејзиниот стан на 11-ти кат во Москва, што странските медиуми го опишаа како уште една мистериозна смрт во земјата. Кристина Бајкова (28) на 23 јуни паднала од прозорецот и била констатирана смрт на местото на несреќата.

Бајкова во моментот на падот била со 34-годишен пријател по име Андреј. Мажот рекол дека Бајкова го повикала на пијачка во нејзиниот стан и дека излегла на балконот пред да падне на земја. Нејзината смрт се уште е под истрага.

Бајкова е последната во низата руски директори кои загинаа паѓајќи од прозорците на зградите, што стана сомнителен тренд.

Ден Рапопорт, познат критичар на Владимир Путин, кој беше протеран од Русија, беше пронајден мртов откако скокна од неговата луксузна станбена зграда во Вашингтон минатиот август во, наводно, самоубиство, што неговата сопруга го негираше.

Неколку недели подоцна директорот на рускиот нафтен гигант Лукоил, Равил Маганов, падна од прозорец на шестиот кат во болница во Москва и почина. Пред неговата смрт, Маганов беше гласен критичар на Путин и руската инвазија на Украина.

Потоа, во декември, креативниот директор на ИТ компанијата Григориј Коченов скокна од балконот на неговиот стан во смрт додека руските власти го претресуваа неговиот стан. Истиот месец, руски тајкун падна од прозорец на хотел во Индија, само два дена откако неговиот пријател, исто така од Русија, почина во истиот хотел. Рускиот тајкун со недвижности, исто така, фатално падна по скалите додека беше на француската ривиера во декември.

А токму на почетокот на овој месец, федералниот судија Артјом Бартенев падна од 12-тиот кат од неговата станбена зграда и беше прогласен за мртов на местото на настанот. Околу повеќе од 20 руски функционери и олигарси починале под мистериозни околности само во 2022 година, објави Атлантик, нарекувајќи го овој тренд „синдром на ненадејна руска смрт“.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски