Постои опасност од уривање на браната кај Кремс во Австрија

Од:

Состојбата по поплавите во Австрија и денеска е критична и покрај намалувањето на нивото на Дунав во повеќе делови на земјата.

Во текот на ноќта во местото Грајн на Дунав првпат од поплавите, кои најпрво ги зафатија северните и западните делови на земјата, забележан е пад на нивото на оваа река. Меѓутоа загриженоста и натаму владее околу Кремс во покраината Долна Австрија, каде има опасност од уривање на една од браните за заштита од поплави.

Стотици луѓе се борат против попуштањето на браната, долга осум илјади метри, со повеќе илјади вреќи полни со песок и повеќе тони земја.

Оваа брана е загрозена поради т.н. хидраулично уривање на основите, соопштија пожарникарите.

– Не може да се исклучи можноста дека браната ќе попушти, но се надеваме дека тоа нема да се случи, изјави портпаролот на покраинската команда Франц Респрегер.

Во многу делови од Австрија и натамусе затворени голем број патишта, кои се под вода, а меѓу нив е и еден подвозник во Виена, во кој се излеа канал на Дунав.

Во Горна Австрија изминатите денови во спасувачките операции се ангажирани околу 26 илјади пожарникари, кои спасија повеќе од 220 лица и 2.600 животни.

Водостојот на Дунав, кај Кронојбург, покрај Виена достигна 7,92 метри, што е повеќе од 2002 година, кога се забележани последните поголеми поплави во Австрија (7,89).

Водостојот на Дунав, според прогнозите и натамуќе расте, а кулминацијата се очекува вечерва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена