Постигнат договор за отворење на корејската индустриска зона Каесонг

Од:

По 12-часовини преговори претставници на Јужна и Северна Кореја денеска постигнаа договор за повторно отворање на индустирската зона Каесонг, што се наоѓа на границата меѓу двете земји.

Согласно договорот, постигнат на средбата одржана на севернокорејската страна од граничниот премин Панмунџом, на 10 јули заедничка инспекција ќе ја посети индустриската зона, по што уште истиот ден ќе бидат прецизирани условите и времето за повторно отворање на Каесонг.

Зоната беше затворена во април годинава кога властите во Пјонгјанг им забранија на севернокорејските работници да одат на работа во фабриките на 123 јужнокорејски компании во Каесонг, по што тие беа принудени да ги затворат погоните.

Северна Кореја се реши на ваквиот чекор во знак на протест поради одржувањето на заедничките американско-јужнокорејски воени вежби.

Фабриките во Каесонг, каде беа вработени над 800 Јужнокорејци и околу 53.000 Севернокорејци, остваруваа годишен приход од околу две милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела повеќе од 200 артилериски гранати, Јужна Кореја евакуираше цивили

Најмалку 37 луѓе загинаа, а десет се водат за исчезнати во огромните поплави во Јужна Кореја

Кореец се обиде да ја отвори вратата од авионот сред лет, екипажот го врза

Горан Наумовски

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски