Група затвореници во Индонезија денеска упатија писмо до индонезискиот претседател Јоко Видодо во кое ги нудат сопствените животи во замена за помилување на двајцата австралиски државјани, нарко дилери, чија егзекуција е најавена за овој месец.
Осудените, Ендрју Чан и Мјуран Сукурман се уапсени во 2002 година на островот Бали при обид да прокриумчарат големо количество наркотици. Според затворениците кои се затворени со нив, тие биле прекрасни и хумани личности, кои заслужувале да живеат
Апели за помилување испратија и австралиската Влада и голем број меѓународни хуманитарни организации, но претседателот Видодо не ги прифаќа барањата. Најголема причина за ова се речиси петте милиони регистрирани зависници во Индонезија, а од последиците на земањето дрога во просек дневно овде умираат по 50 лица,
Во јануари во Индонезија беше извршена смртна казна на пет нарко дилери. Во знак на протест против егзекуција на нивни државјани, Холандија и Бразил ги повлекоа своите амбасадори од Џакарта.
Според медиумите во Џакарта, во „редот на смртта“ во Индонезија се над 60 осудени нарко дилери и масовни убијци, кои чекаат егзекуција, а меѓу нив се и 21 странски државјани.