Последна дебата за „Состојбата на Унијата“ во Европарламентот пред европските избори

Од:

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска пред Европарламентот во Стразбур, го одржа последниот негов говор за „Состојбата на Унија“ за време на овој мандат.

Тој на европратениците им ги објасни неговите планови се до европските избори во мај 2014 година, по што следуваше дебата, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Ова требаше да биде главната точка од дневниот ред на пленарната сесија на ЕП. Четвртата дискусија за „Состојбата на Унијата“ е директно инспирирана од истоименото обраќање на американските претседатели пред Конгресот, што се одржува секоја година во јануари.

Минатата година Баросо се заложи за „федерација на држави-нации во Европа, за банкарска унија за еврозоната и за зголемување на европскиот буџет“. Една година подоцна, ЕУ е се уште далеку од плановите на Баросо.

Пред европратениците, Баросо ја бранеше акцијата на Европа против кризата, во клима на зголемен евроскептицизам пред европските избори во 2014 година.

ЕУ изврши „контра-напад“ наспроти финансиската, економската и социјалната криза, која започна пред пет години.

– Фактите ни покажуваат дека нашите напори започнаа да даваат резултати, рече Баросо, наведувајќи ги напредоците направени во повеќе земји кои донија финансиска помош, како Грција, Ирска, Португалија и Шпанија.

– Заздарвувањето на економијата е навистина на повидок, нагласи Баросо.

Претседателот на Европската комсиија притоа предупреди дека главниот ризик за „враќање наназад“ сега е политички, а тоа е недостиг на стабилност или решителност. Се што ги доведува под  прашање реформите е санкционирано, посебно од финансиските пазари, потенцира Баросо.

– Еден од проблемите е да се биде кохерентен, не само да се носат одлуки, туку и да се спроведат тие на дело, рече тој, повикувајќи да биде усвоен буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020 и да се оствари напредок во создавањето на банкарската унија, зајакнувањето на заедникиот пазар и во зацврстувањето на политичката унија. – Европа не е повеќе само пазар. Нашите политички и економски врски се тесно поврзани, рече Баросо.

Во однос на ова, поранешниот белгиски премиер и лидер на либералите во Европарламентот, Ги Верхофстад ги повика европратениците веднаш да започнат преговори со државите-челнки на ЕУ за усвојување на предлогот на Европската комисија за спас или ликвидација на банките кои се соочуваат со серизони загуби.

Од дисуијата на европратениците, посебно дојде до израз нивната загриженост дека знаците за крај на кризата во ЕУ не значат дека таа е завршена. Тие воедно побараа начин да се избегне стагнацијата на Европа.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија