Португалската министерка за внатрешни работи поднесе оставка

Од:

Португалската министерка за внатрешни работи Констанса Урбану де Соуза поднесе оставка заради пожарите во кои загинаа десетици луѓе.

Португалија од вчера е во тридневна национална жалост поради загинатите во шумските пожари.

Потврдена е смртта на 36 луѓе. Во пожарите беа повредени 63 лица, од кои 16 потешко.

Околу 3600 пожарникари се обидуваат да ги совладаат петнаесетте се уште активни пожари во централните и северните делови на државата.

Во средината на јуни, во централниот дел на Португалија, во местото Педрогау Гранде изби голем шумски пожар. Тогаш, 64 лица загинаа, а 250 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски