Португалија: Во експлозија во фабрика за пиротехника пет лица загинаа, тројца исчезнати

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а три се водат како исчезнати во експлозија која се случи во фабриката за пиротехника во Ламего, 100 килолметри од Порто, во Португалија, јавија денеска локалните медиуми, повикувајќи се на информациите од спасувачката служба.

Експлозијата се случила вчера, во попладневните часови.

Повеќе од стотици пожарникари на самото место се бореле да го стават под контрола пожарот до доцните вечерни часови.

Локалите медиуми соопштија дека меѓу загинатите биле сопственикот на фабриката и неговата ќерка.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски