Португалија трет ден се бори со огнената стихија, досега загинаа 64 лица

Од:

Португалските пожарникари соопштија дека напредуваат во гаснењето на пожарот што пред три дена изби во централниот дел на земјата, при што досега загинаа 64 лица, а над 130 се повредени.

Тие наведоа оти се надеваат дека наскоро огнот ќе биде ставен под контрола.

Повеќе од 1.000 пожарникари и девет канадери веќе три дена се борат со огнената стихија во Педрога Гранде.

Португалската Агенција за цивилна заштита соопшти оти се надева дека во теот на денот пожарот ќе биде ставен под контрола и покрај тоа што е прогнозирана висока температура, 43 степени Целзиусови.

Исто така, голем проблем претставува и ветерот.

Би-Би-Си јави дека досега 70 проценти од пожарот се ставени под контрола.

Најголем број од луѓето загинаа во обид со автомобили да го напуштат опожарениот регион.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски