Португалија не бара промена на условите за финансиска помош на земјата

Од:

Португалија нема да бара намалување на каматните стапки на нејзините кредити, како што тоа го побара и доби Грција, и ќе ги почитува целите поставени од кредиторите, изјави денеска португалскиот премиер Педро Пасос Коељо.

– Португалија не бара третман идентичен со тој што го има Грција, изјави Коељо.

Откако беше постигнат договорот со Грција, португалскиот министер за финансии Витор Гаспар изјави дека неговата земја, слично на Ирска, би можела да има корист од условите пропишани со одредбите на Европскиот стабилизациски механизам, кои би биле во согласност со принципите на еднаков третман, усвоени на самитот на еврозоната во јули 2011 година.

Сепак, Гаспар на вчерашниот состанок на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната во Брисел изјави дека „Португалија не е Грција“, која се наоѓа во „уникатна“ ситуација.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски