Портпарол на ИСИС повикува нападите да продолжат

Од:

Портпарол на Исламска држава ги повика муслиманите кои живеат во државите на Запад да изведат уште напади, истакнувајќи при тоа дека секој кој има можност да пролее капка крв треба да го направи тоа- пренесе „Асошиејтед прес“.

Во објавениот аудио запис Абу Мохамед ал Аднани ги поздравува неодамнешните напади во Австралија, Белгија и Франција, каде што во напад на редакцијата на сатиричниот неделник„Шарли ебдо“ беа убиени 12 лица.

Тој исто така го пофали вооружениот напаѓач кој во окомври минатата година уби војник во Канада, а потоа влезе во зградата на парламентот, каде што обезбедувањето го уби.

Меѓудругото Ал Аднани истакна и дека муслиманите се среќни поради смртта на саудискиот крал Абдулах, кого тие го сметаат за тиранин на полуостровот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска