Порошенко: Од борбите во Донбас не се вратија 387 командоси

Од:

Украинските воздушно-десантни единици загубиле 387 припадници, убиени во воените дејствија во Донбас, информира денеска украинскиот претседател Петро Порошенко при работната посета на Славјанск по повод Денот на мобилните десантни единици во земјата.

-Триста осумдесет и седум „летечеки пешадинци“ не се вратија од борбените задачи, рече Порошенко, цитиран од ТАСС.

Порошенко додаде дека „сега се зголемува борбениот потенцијал на момобилните десантни единици“.

-Јас како претседател на Украина, како врховен командант и шеф на Вооружените сили, доброволечките организации, како и целиот украински народ полагаме максимални напори на десантните единици да им го обезбедиме целото современно вооружување и целата неопходна опрема, подвлече украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17