Порошенко го потпиша Законот за укинување на вонблоковскиот статус на Украина

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска во Киев го потпиша Законот за укинување на вонблоковскиот статус Украина, најавувајќи истовремено дека ориентациски за пет до шест година во земјата може да се организира референдум за стапување во Северноатлантскиот сојуз (НАТО).

– Планирам да ја реформирам земјата. Да ја реформирам на тој начин што ќе им одговара на стандардите на Европската унија и стандардите на Северноатлантскиот пакт (НАТО). Можам да кажам дека овие стандарди се поклопуваат во 99 отсто, рече Порошенко на прес конференција.

„Кога земјата ќе им одговара на тие критериуми? Сигурно тоа ќе биде направено во рамки на имплементацијата на Стратегијата – 2020, а во текот на следните пет-шест години народот на Украина ќе се определи за членството во НАТО“, рече Порошенко.

Според него, кога во 2010 година Украина го стекна вонблоковскиот статус, тоа била „стратешка и кардинална грешка“ на претходните власти, а со тоа се уништени сопствените Вооружени сили.

Врховната рада (Парламентот) на Украина на 23 декември го усвои предлог законот за откажување од вонблоковскиот статус, предложен од претседателот Порошенко.

Украинските медиуми потсетуваат дека позицијата на НАТО е Украина да има право на членство кога ќе изрази желба и ги исполни неопходните услови, а „вратата секогаш останува отворена“.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17