Иако сите други индикатори се охрабрувачки, бројот на умрени од Ковид-19 на почетокот на месецов пораснал за околу една третина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Според последните податоци од Институтот за јавно здравје се намалува бројот на новозаразени, хоспитализирани, стапката на позитивност и стапката на репродукција на вирусот.
Сите овие показатели се охрабрувачки и се очекува да доведат до ново олеснување на анти-ковид мерките во текот на идните недели.
Единствена црна точка е бројот на умрени од Ковид-19.
Во текот на првата седмица од февруари оваа бројка се зголемила за 30 отсто во споредба со претходната недела. Најпогодени се старите лица над 85 годишна возраст, информираат здравствените власти.
Забележано е и намалување на бројот на инфицирани со сојот омикрон и благо зголемување на заразени со делта сојот.
Извор: МИА