Поранешниот шеф на ЦИА стана директор на украинска компанија за мобилни телефони

Од:

Телекомуникацискиот гигант „Веон“ во средата објави дека го именувал поранешниот директор на ЦИА и поранешен државен секретар на САД, Мајк Помпео, во бордот на директори на својот украински огранок „Киевстар“.

Помпео му се придружува на операторот со седиште во Киев како „независен неизвршен директор“, во својство на партнер на „Impact Investments“, која „Веон“ ја опиша како „почетна американска стратешка и финансиска советодавна и инвестициска компанија“.

Нов претседател на управниот одбор на „Киевстар“ ќе биде Кан Терзиоглу, извршен директор на „Веон груп“.

– Назначувањата ја одразуваат „посветеноста на Веон кон Украина во закрепнувањето и обновата на земјата“, соопшти компанијата.

Терзиоглу рече дека компанијата се радува на „знаењето и искуството“ што Помпео ќе ги донесе на телефонската компанија.

Помпео нема искуство во телекомуникациите. Тој беше командант на тенкови во американската армија, го водеше Thayer Aerospace од 1996 до 2006 година, беше конгресмен од Канзас од 2011 до 2017 година, пред да ја предводи ЦИА во првите денови од претседателствувањето на Доналд Трамп. Помпео го презеде Стејт департментот во 2018 година.

Откако Џо Бајден ја презеде Белата куќа, Помпео стана отворен застапник на воената, економската и политичката помош на Вашингтон за Украина.

Би можело да ве интересира

Помпео: Бугарија има шанса да го реализира својот потенцијал како енергетски центар во југоисточна Европа

А1он

Помпео: Во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти

Катерина Ѓуровски

Кина го нарече Помпео „богомолка“

Ана Ололовска

Претставници на ЕУ одбија да се сретнат со Помпео, откажана посетата на Европа

Ана Ололовска

Помпео го осуди синоќешниот напад врз „Зелената зона” во Багдад

Ана Ололовска

Помпео: Рускиот систем С-400 е закана за војската и воената технологија на САД

Ана Ололовска