Помпео: Рускиот систем С-400 е закана за војската и воената технологија на САД

Од:

Рускиот систем С-400 претставува закана за безбедноста на војската и воената технологија на САД, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео пред неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Според Помпео, руските системи, кои ги купила Турција, ќе и овозможат, исто така, пристап на Русија до турските вооружени сили и нејзината одбранбена индустрија.

Државниот секретар на САД побарал од Чавушоглу да го реши проблемот со С-400 на начин кој е согласно „нашата децениска историја во одбранбениот сектор“. Тој, исто така, ја повика земјата да се посвети на обврските на НАТО за набавување оружје, кое е интероперативно.

Истовремено, Помпео уверува дека целта на санкциите на Вашингтон е да се спречи Русија да добие „значителни приходи“, а не да се поткопуваат воените капацитети на Турција или нејзината борбена готовност.

Би можело да ве интересира

Пекинг и Москва заеднички го осудија американскиот самит на кој не се поканети

Ана Ололовска

САД и Канада ограничуваат патувања од јужноафрикански држави поради новиот сој на Ковид-19

А1он

САД чекаат дополнителни податоци пред да ги затворат границите поради новиот сој на коронавирус

А1он

Расте бројот на загинати во несреќа во рудникот во Сибир

Американски разурнувач вплови во Црното Море

Бил Гејтс ќе финансира експериментален нуклеарен реактор

А1он