Поранешниот претседател на Перу Фуџимори повторно хоспитализиран

Од:

Поранешниот претседател на Перу Алберто Фуџимори со возило на Брза помош е префрлен во локална клиника, откако Врховниот суд на земјата му го поништи помилувањето и нареди тој итно да биде уапсен и вратен во затвор.

Фуџимори, кој изминативе години неколку пати беше хоспитализиран, од нековата куќа во клиника бил префрлен неколку часа по изрекувањето на пресудата.

Откако Врховниот суд на Перу го поништи помилувањето на Фуџимори, неговиот адвокат Мигел Перес поднесе жалба и побара да се суспендира налогот за апсење наведувајќи дека Фуџимори има срцеви проблеми, поради кои неговиот живот е загрозен.

Поранешниот претседател на Перу Педро Пабло Кучински на 24 декември минатата година одобри Фуџимори (80) да се пушти од затвор, откако лекарите утврдија дека е болен од „прогресивна, дегенеративна и неизлечива“ болест и дека во затвор неговиот живот е загрозен.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните