Поранешниот полски претседател Лех Валенса банкротирал во пандемијата, нема пари ни за божиќни подароци

Од:

Поранешниот синдикален лидер, носител на демократската револуција во Полска, претседател на државата и нобеловец Лех Валенса вели дека банкротирал поради пандемијата со новиот коронавирус.

– Оваа година никој нема да добие подароци од мене, бидејќи банкротирав, изјави Валенса на полската телевизија „Полсатњуз“ по повод празникот.

Тој додаде дека порано многу патувал и држел предавања, од кои заработувал.

– Тоа сега за мене е минато поради пандемијата, посочи 77-годишниот Валенса.

Според полските медиуми, пензијата на поранешниот претседател на Полска изнесува 1.300 евра.

Валенса се пожали и дека не го слушаат ниту членовите на семејството.

– На сопругата и на децата им е доста од моите политички активности. Тие не ми дозволуваат да дојдам до збор. Затоа седам мирно на маса и на никого не му паѓам во очи, истакна Валенса.

Тој од 1980 до 1990 година го предводеше синдикатот Солидарност, кој придонесе за пад на комунизмот во Полска. Во 1983 година ја доби Нобеловата награда за мир, а од 1990 до 1995 година беше претседател на Полска.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад