Поранешниот папа Бенедикт се извини на жртвите на сексуална злоупотреба во Католичката црква

Од:

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти денеска побара прошка од жртвите на сексуална злоупотреба во Католичката црква, но ги отфрли обвинувањата дека е вклучен во прикривање на вистината.

Пензионираниот папа одговори на независен извештај објавен на 20 јануари во кој се опишуваат децении наводна злоупотреба и пропуст во минхенската епархија предводена од Џозеф Рацингер од 1977 до 1982 година.

Во своето писмо, Бенедикт ги признава „прекршоците и грешките што се случија за време на мојот мандат“ и изразува „искрено барање за проштевање до сите жртви на сексуална злоупотреба“.

Во извештајот се наведуваат обвиненија против него за пропусти во четири случаи. Експертите од адвокатската фирма Вестпфал Спилкер Вастл (ВСВ) веруваат дека Рацингер преселувал свештеници кои злоставувале деца во други области додека тој бил надбискуп на Минхен и Фрајзинг.

Тие наводи категорично ги отфрлија адвокатите и советниците на Рацингер во „проверка на факти“ што исто така беше објавена денеска.

„Извештајот од вештачењето не содржи докази за поткрепување на какви било наводи за пропусти или помагање“, се вели во соопштението. „Како надбискуп, кардиналот Рацингер не бил вклучен во никакво прикривање на чинот на злоупотреба“, се додава во текстот.

Би можело да ве интересира

Починатиот гејмер станува светец

Предраг Петровиќ

Во Илиноис, околу 450 свештеници злоставувале повеќе од 1900 деца

Ана Ололовска

Повеќе од 150 католички свештеници сексуално злоставувале повеќе од 600 деца

Во Католичката црква во Италија повеќе од 600 случаи на злоупотреба на малолетници

Француски кардинал признал дека пред 35 години силувал 14-годишно девојче

Горан Наумовски

Тужба против папата Бенедикт поради свештеник педофил

Ана Ололовска