Поранешни сопственици на франшизи „Мекдоналдс“ ја тужат компанијата за расна дискриминација

Од:

Повеќе од педесет Афроамериканци, поранешни сопственици на франшиза за рестораните за брза храна „Мекдоналдс“, ја тужат компанијата за расна дискриминација и бараат оштета во висина од милијарда долари, јавија некои американски медиуми.

Тужителите ја дале компанијата на суд во Чикаго.

Тие тврдат дека „Мекдоналдс“ ги принудувал партнерите-афроамериканци да отвараат ресторани во економски непогодни локации со мали можности за развој на бизнисот, наспроти белите сопственици на франшизи, кои добивале подобри услови и локации.

-Компанијата со тоа одеше наспроти своите повици за различност и афроамериканското претприемништво, се вели во материјалите поднесени во судот.

Таквата дискриминација, велат тужителите, ги ставала црномурестите сопственици во незавидни позиции за водење бизнис, што честопати доведувало до стечај.

Џим Фераро, адвокат на тужителите, тврди дека поради таа политика, бројот на франшизите „Мекдоналдс“ водени од Афроамериканци во САД од 1998 година досега се намалил од 377 до 186. Од вкупен број на 14.400 ресторани „Мекдоналдс“ во САД, 90 отсто се управувани од околу 1.600 франшизи.

Самата компанија негира дека врши расна дискриминација во однос на политиката со франшизи и е подготвена да ја бара правдата на суд.

-Ние сме убедени дека фактите ја покажуваат нашата посветеност на идејата за еднакви можности за водење бизнис и почитување на етничко-расната различност во целиот систем на „Мекдоналдс“, вклучувајќи ги нашите франшизи, снабдувачи и вработени, се вели во денешното соопштение на компанијата.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски