Тројца сменети членови на каталонската Влада, кои се во притвор во Шпанија, поднесоа тужба до работната група на Обединети нации за произволно притворање, соопштија нивните адвокати.
– Нивниот притвро во Шпанија претставува кршење на човековите права и има за цел да ги спречи да бидат претставници на каталонскиот народ, изјавија адвокатите кои ги застапуваат Жорди Санчес и Жорди Куишарта, како и поранашниот потпретседател на каталонската Влада, Ориол Жункерас.
Адвокатите посочија дека ОН не треба да се изјаснат за независноста на шпанската покраина Каталонија туку да потврдат дека „ниту една влада не смее да ги угнетува своите политички противници користејќи произволен притвор“.