Поранешни функционери предупредуваат на опасноста од дезинтеграција на ЕУ

Од:

На опасност од дезинтеграција на Европската унија предупредија денеска во Виена поранешниот претседател на Полска, Александар Квашњевски, поранешниот претседател на Европската комисија, Романо Проди и поранешниот европски комесар, Франц Фишлер.

– Последиците од дезинтеграцијата се стравични. Тоа во развојот би не вратило најмалку 40 години наназад, нагласи Фишлер.

Тој рече дека очигледно е дека новиот претседател на САД Доналд Трамп ќе ја оствари својата најава за „помалку меѓународност“ во политиката и трговијата, укажувајќи на Брегзит.

Тој вели дека во интерес на Европа е единство и заедништво.

Проди и Квашњевски се изјаснија за Европа како сојузна држава, одбивајќи ги интенции на популистите и десничарите да направат „Европа на нациопнални држави“.

– Ако во светот сакаме глас тогаш мора да станеме сојузна држава, истакна Проди и додаде дека во спротивно, Европа би била небитна во светот и се повеќе периферна.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески