Поранешен затвореник во Гвантанамо назначен за министер за одбрана во Авганистан

Од:

Поранешниот затвореник од Гвантанамо, Абдул Кајум Закир е назначен од радикалното талибанско движење за министер за одбрана на земјата, објави катарскиот ТВ канал Ал Џезира.

Закир е еден од главните теренски команданти на талибанците, кој извршува борбени задачи и води радикални борци. По почетокот на американските и западните воени операции во Авганистан (2001-2014), тој започна да учествува во битките на страната на движењето. Американските војници го уапсија и го затворија во базата Баграм, од каде подоцна беше префрлен во Гвантанамо. По ослободувањето, тој повторно им се придружи на талибанците.

Движењето назначи вршители на должност раководители на неколку министерства и сектори.

Според авганистанската агенција Пажвок, Садр Ибрахим е назначен за министер за внатрешни работи, Ѓул Ага за министер за финансии, а Наџибула ќе биде вршител на должноста шеф на разузнавањето. Движењето назначи свои претставници и за министри за образование и гувернер на главниот град на земјата, Кабул.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан