Поранешен психијатар во армијата на САД осуден на смрт

Од:

Поранешниот психијатар во американската војска Нидал Хасан е осуден вчера на смртна казна поради убиство на 13 војници и офицери во воената база Форт Худ во Тексас во 2009 година.

Тринаесетчлената порота, составена од високи воени офицери, по двочасовно заседавање едногласно одлучи да му досуди смртна казна на Хасан со вбризгување смртоносна инјекција.

Со оваа пресуда мајорот Хасан е првиот припадник на американската војска кој е осуден на смртна казна во последните 50 години.

Хасан на 23 август е прогласен за виновен поради убиство на 13 и повредување на 31 војник и офицер, за време на убиствениот поход на 5 ноември 2009 година.

За време на изрекувањето на пресудата, Хасан не покажал никаква реакција.

Тој е американски муслиман од Вирџинија и самиот се застапувал пред судот, главно без поголемо учество во процесот, не сакајќи да повика ниту еден сведок на одбраната, ниту пак да даде завршни зборови.

Хасан на првото појавување пред судот на 6 август призна дека пукал во војниците, објаснувајќи дека припаѓал на муџахединско движење.

Тој изјави дека нападот бил оправдан и со него сакал да ги заштити исламистичките и талибанските лидери во Авганистан и Ирак.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски