Поранешен припадник на француските тајни служби преминал во редовите на Ал Каеда

Од:

Eден поранешен член на француската тајна служба ДГСЕ и се приклучил на Ал Каеда и во моментов е приоритетна цел на американските ракетни напади во Сирија, објави парискиот весник „Ле Монд“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, името на поранешниот француски агент не е објавено, иако тој им е познат на најмалку четири разузнувачки злужби, за разлика од Мошин Ал-Фадли, кој се сметаше за шеф на исламистичката група Хорасан, поврзана со Фронтот Ал Нустра во Сирија.

Смртта на Фадли, чија глава беше проценета на седум милиони долари, беше потврдена од член на исламистичката група преку Твитер, пренесе на 28 септември, организацијата СИТЕ, која ги следи исламистичките објави на интернер. Фадли загинал при првиот бран на американски напади во Сирија.

Французинот, чија улога во исламистичката организација е многу поголема од таа на Фадли, ги преживеал американските напади. Тој бил експерт за експлозив и веќе се борел во Авганистан и Сирија. Неговото поминување низ француските тајни служби специјализирани за акции во странство е предмет на истрага, пишува париски „Ле Монд“.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори