Поранешен италијански министер уапсен за помагање на мафијата

Од:

Поранешниот италијански министер во Владата на Силвио Берлускони, Клаудио Скајола е уапсен под обвинение за помагање на италијанскиот бизнисмен Амедеу Матачени, кој е осуден за мафијашко здружување, соопшти денеска Јавното обвинителство на Италија.

Матачени, кој беше пратеник од редовите на партијата на Берлускони, побегна од Италија со цел да избегне петгодишна затворска казна, на која беше осуден минатата година.

Скајола е уапсен денеска во луксузен хотел во Рим.

Берлускони изјави дека е погоден од апсењето на Скајола, кој во 2010 година поднесе оставка на функцијата министер за индустрија, поради обвинение дека платил под пазарната цена луксузен стан со поглед на Колосеумот во Рим, но подоцна беше ослободен од овие обвиненија за незаконски активности.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ

Сопругот на италијанската европратеничка е пронајден мртов во автомобилот

Предраг Петровиќ

Драма во Палермо: Tатко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани